Снимката за која зборува цел интернет – видете како гитаристот зема бакшиш од Дејан Матиќ

Видеонастапот на Дејан Матиќ предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
Штом на интернет се појави снимката од настапот на Дејан Матиќ, на кој се гледа како гитаристот во еден момент го зема бакшишот од клавијатурата на Матиќ, на социјалните мрежи се појавија лавина коментари.

Но, она што не беше познато е дали се работи за стандарден договор меѓу Дејан Матиќ и неговиот музичар (што, најверојатно, е објаснувањето), или за нешто друго поради што не чуди што ова видео предизвика толкаво внимание.

Гледајте ја снимката од настапот на Дејан Матиќ:

 

Сепак, Дејан Матиќ се огласи за да стави крај на шпекулациите велејќи дека на снимката не постои ништо спорно.
„Познато е сѐ и нема никакви сомнежи. Јас и Игор соработуваме веќе осум години, патуваме, настапуваме. Нашиот интерен договор во бендот е бакшишот да го чува Игор така што без потреба се крена прашина. Ние без никаков проблем го делиме по завршувањето на свирката“, изјави Дејан за „Блиц“.

Scroll to Top