Фолк-пејачот Аца Лукас пред една година се разведе од Соња Вуксановиќ. По разводот тие вчеравечер првпат се најдоа на исто место, на промоцијата на новиот албум на пејачката Марина Вишковиќ, но не се сретнаа лице в лице.
Лукас на забавата дошол прв во друштво на непозната девојка. Брзо по него дошла и Соња, која била со неколку другарки. Според српски „Блиц“, Аца и Соња не се во добри односи и цела вечер се игнорирале. Тие додаваат дека неколку пати им се сретнале погледите, ама дека ниеден од нив не се обидел да се поздрави со другиот.