Сопругата на Ракитиќ се поднови со ташна од 3000 евра

Сопругата на хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ, Раквел Маури, деновиве постојано на социјалните мрежи објавува фотографии на кои носи торбица од брендот Chanel која чини повеќе од 3000 евра.

Раквел засега нема откриено дали новиот моден додаток и е подарок од нејзиниот сопруг, или таа самата си го има купено, но голем број нејзини блиски пријатели велат дека таа не се одвојува од него.

Станува збор за торба во форма на гума за спасување, а прв пат со истата Раквел се пофалила на крајот на мај, кога позирала со Ракитиќ во жолто одело, а на нозете носела високи црни штикли.

По два дена Раквел повторно позирала со торбата покрај базенот. Таа и Ракитиќ позирале заедно и биле модно услогласени.

„Убава како и секогаш“, „Како кралица“, „Принцезо, уживај во летото“, „Земете го сопругот и одете во Париз, не ве сакаме повеќе во Барселона“, „Каков стил имаш, тоа е неверојатно“, биле само некои од коментарите на многубројните обожаватели.

Двојката последните неколку дена е на летување во Дубаи, од каде споделуваат голем број на фотографии на своите обожаватели.

 

 

Scroll to Top