Сопругата на Жарко Лаушевиќ секогаш со холивудските ѕвезди

Сопругата на актерот Жарко Лаушевиќ, Анита е професионална шминкерка, но позната во Холивуд.  Прв нејзин проект бил “Спајдермен 2“,  соработувала со големи холивудски ѕвезди како Леонардо ди Каприо, Кејт Винслент, но работела  и во серијата “Сексот и градот“.  Лани во Њујорк таа доби награда за својата работа на сериите “Хронка на Тајмс сквер“, “Приватен доктор“ и “Инстикт“.

– Ова е остварување на мојот сон. Неможев вакво нешто да замислам во 1997 година кога се преселив во Њујорк, – изјавила Анита кога ја примала наградата.

Инаку, таа е втора жена на Жарко Лаушевиќ и ја имаат ќерката Јана. Со првата сопруга Маја, со која беше во брак од 1982 до 1998 година, актерот ја има ќерката Асја и синот Душан.

Scroll to Top