Сопругот на Карлеуша растел во дом за незгрижени деца

Сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ, израснал во дом за незгрижени деца во Зрењанин, пишуваат српските медиуми. Родителите на фудбалерот живееле во трошна куќа и немале финансиски средства да ја поддржат неговата желба да игра фудбал. Тие го сместиле во домот „Анѓелина Којиќ Ѓина“, каде што живеел неколку години. Иако постојано го посетувале, за него најмногу се грижеле вработените во институцијата.

Според медиумите, фудбалерот секоја година донира огромна сума пари во домот за да им овозможи подобри услови за живот на децата што живеат таму, но  не сака јавно да зборува за својата хуманост.

„Само блиските луѓе знаат како му влијаеше тоа што порасна во дом за деца. Често се сеќава на детството поминато таму. Тој не крие дека пораснал во дом, а по првиот договор вети дека ќе им помага на луѓето кои му помогнале кога немал ништо. Повеќе од десет години тој донира пари, тоа стана еден вид традиција“, рекол близок пријател на Душко за „ВИП магазин“. Тој открил и дека Душко сака да направи мини стадион и да купи опрема за фудбал за сите деца кои живеат таму, а сакаат да се занимаваат со овој спорт.

Вработените во домот за деца исто така не сакаат да зборуваат за донациите од фудбалерот, но откриваат дека се гордеат со него.

„Душко отсекогаш беше добро и скромно дете. Сакаше да тренира. Кај нас беше три години, родителите често го посетуваа. Верувајте ми, ако постои добар човек, тогаш тоа е Душко“, изјавил еден од вработените за „ВИП магазин“.

 

Scroll to Top