Сораја: Мојот партнер сака деца, но јас не сум подготвена

Старлетата Сораја Вучелиќ призна дека нејзиниот партнер има желба да имаат деца, но дека таа не сѐ уште не е подготвена за такво нешто. Таа во емисијата „Ексклузивно“ откри дека сѐ уште не е подгтовена да биде мајка.

„Проблемот е во мене. Тој ме форсира со тие работи и постојано зборува дека е време да станеме родители. Но, јас не сакам да брзам“, вели Сораја, која отри детали и од животот со својот партнер.

„Јас треба да се одречам од многу работи за да го живеам неговиот живот, кој е деловен и сериозен. Тој изгледа фантастично и богато. Тоа за мажите е многу важно“, вели Сораја, која откри дека нејзиниот партнер во моментот живее во Москва и дека е многу љубоморен.

„Тој живее во Москва и сака и јас да се преселам таму. Но, јас сѐ уште не сум подготвена за тој чекор. Не сум подготвена за брак и деца“, вели Сораја.

 

 

 

 

Scroll to Top