Срѓан и Ана во солзи го испратија малиот Дејан

Синот на српскиот глумец Срѓан Жика Тодоровиќ и неговата сопруга Ана, денес беше испратен во својот вечен дом на Новите гробишта во Белград.  Кремирањето на малиот Дејан било нешто по 16 часот, денес, а од него се опростија членовите од неговото семејство, како и пријателите и блиските на актерот и неговата сопруга. На последното испраќање, родителите на малиот Дејан неможеле ниту да се соземет, ниту да ги смират солзите, пренесуваат српските медиуми.

На гробиштата биле и макејата на Жика, поранешниот фудбалер Ненад Бијековиќ, Ева Рас, Драган Бијелогрлиќ, Аница Добра. Урната од кремирањето на Дејан ќе биде закопана покрај неговиот дедо, славниот актер Бора Тодоровиќ.

 

Scroll to Top