Српската манекенка и албанскиот фудбалер Ѓимишити до последно ја одбранија забранетата љубов и станаа приказна за која се зборува

Фудбалскиот репрезентативец на Албанија, Берат Ѓимишити, и неговата сопруга, српската манекенка Алиса Миленковиќ, лани стана родители на синот Леон. Нивната љубов беше речиси забранета поради лошите односи и историјата меѓу двете етнички заедници кои немаа некое значајно влијание врз нив.

Парот се запознал во Цирих, каде што живеела Миленковиќ, додека фудбалерот, со потекло од Косово, играл за истоимениот клуб во Швајцарија.

За нивната приказна јавноста дозна во 2015 година кога непосредно пред гостувањето на српската репрезентација во Албанија, албанските медиуми објавија дека Миленковиќ ќе биде единствената Србинка која ќе ги поддржи „Црните орли“.

Во 2016 година, медиумите објавија дека Миленковиќ го оставила фудбалерот, но тие повторно се смирија и верија.

Лани Ѓимишити кој е фудбалер во Атланта, за италијанските медиуми откри дека одлучил да остане во Бергамо, град кој беше тешко погоден од Ковид-19, иако Миленковиќ заминала во Србија да му помогне на својот народ, произведуваќи маски наместо облека во својата модна куќа.

„Гледајќи што се случува во Бергамо, дека многу луѓе останаа без маски, одлучи да се врати во Србија и започна да произведува маски: бесплатно ги дели на сите на кои им се потребни и кои немаат пари да ги купат“, рече тој.

Неколку месеци подоцна парот направи венчавка.

Миленковиќ е родена и израсната во Швајцарија, каде ја стекна диплмоата за меѓународен маркетинг. Во спомен на нејзината почината мајка Јелена, таа го основа модниот бренд Jalizé во 2018 година во Цирих.

Нејзиниот бренд го носат бројни познати дами од Србија како манекенката Софија Мило и пејачката Јелена Карлеуша.

Берат Ѓимишити е роден во 1993 година во Цирих, а неговото семејство е со албанско потекло од селото Велики Трновци во близина на Косово и Метохија.