Српската пејачка Анабела и ќерка ѝ Бланка нападнати од куче

Српската пејачка Анабела Атијас пријавила во полиција дека била нападната од куче додека се шетала со нејзината ќерка Блнка. Целиот настан го проследил еден од сопствениците на локал во близина, кој вели дека пејачката почнала да ѝ вика на девојката која го држела бесното куче од видот лабрадор.

Кога се смирило кучето, пејачката почнала да вика по девојката која се обидела да им објасни дека нема потреба да се плашат, затоа што нејзиниот миленик не лаел на нив двете, туку на другите кучиња во паркот.

Анабела веднаш повикала полиција и им објаснила дека низ улиците шета бесно куче кое е вон контрола и дека секој момент може да нападне и касне некој случаен минувач.

Таа им објаснила дека често го гледа кучето како шета низ тој дел од градот, па ги замолила полицајците да се обратат до службите да излезат на терен и да го тргнат кучето од улиците.

 

Scroll to Top