Српската пејачка Романа ќе оди во затвор

Српската пејачка Романа Паниќ (45) е уапсена и осудена на 12 месеци затвор. Таа и агентот за продажба на недвижности, Филип М. (40), биле уапсени во Австралија поради користење  софистициран систем за крадење пари, кој во март и април го поставиле на три банкомати во Бризбејн, а потоа ги копирале податоците и банкарските картички. На тој начин двојката собрала банкарски податоци од 35 лица.

Филип е осуден на 14 месеци затвор.

Романа и Филип, кои претходно останале без пари во Австралија, смислиле план како да заработат, ја признале вината, па ќе бидат условно пуштени откако ќе одлежат најмалку три месеци затвор.

Scroll to Top