Српската водителка на емисијата „Со Тамара во акција“, Тамара Грујиќ утрово го доби своето прво дете. Како што пренесуваат српските медиуми Тамара доби девојче, а гордите родители ѝ го дадоа името Ленка.
Водителката и нејзиниот сопруг Вук изјавиле дека со години планирале да станат родители.
„Јас сум одлично. Се чувствувам супер. Моите пријатели реагираат емотивно. На сите им е драго што станав мајка. Имав среќа. Бременоста ја поднесов одлично и буквално сите 26 недели ги минав на терен. Работев со полна пареа цели две сезони“, изјавила Тамара.