Српски глумец одби улога во новиот „Џејмс Бонд“

Глумецот Зоран Пајиќ е еден од најпопуларните млади актери во моментов во Србија. Тој го глуми ликот на Никола во популарната серија „Вистини и лаги“. Заради овој лик, тој одбил да глуми покрај Даниел Крег во новиот филм за Џејмс Бонд.

„Добив повик од мојот агент, но во тоа време почна да се снима серијата ‘Вистини и лаги’. Улогата во оваа серија ми се допадна и јас не сакав да одам во Британија, а да оставам тука се. Многу ми е мило што луѓето од странство ја препознаа мојата работа, но не можев да ги усогласам моите обврски. Не ми е жал што не отидов бидејќи секојдневно добивам позитивни коментари за улогата на Никола. Ние сме на врвот на гледаноста, а кога ќе излезам на улица луѓето ми делат комплименти, што ми годи и ми дава поттик да бидам уште подобар во мојата работа,“ рече Зоран во едно интервју.

Пајиќ досега неколкупати глумел во холивудски филмови, а глумел со Џерард Батлер, Ралф Фајнс, Кетрин Денев. Публиката во Србија го познава како театарски глумец кој има освоено многу награди за улогите во претставите „Црвена“ и „Сомнително лице“. Скоро две години Зоран беше и водител на утринска емисија во најслушаното српско радио „Плеј радио“.

Scroll to Top