Српски пејачки што биле претепани од мажите

Лука Лазукиќ, сопругот на Наташа Беквалац, е ослободен да се брани од слобода затоа што обвинителството не му одредило мерка задржување.

Со поддршка за српската пејачка излегоа и други нејзини колешки. Некои од нив за време на бракот или врската и самите претрпеле физички и психички тортури, па потоа одлучиле јавно да проговорат.

Ивана Стаменковиќ – Синди, која го изгубила старателството над својата ќерка, на судот му доставила фотографии од модринките и лекарските налози, кои потврдуваат дека поранешниот маж ја претепал.

Во документарниот филм „Исповед“, Марија Шерифовиќ ја открила мрачната страна на своето семејство и отворено проговорила за тоа како татко ѝ Рајко ја тепал мајка ѝ Верица. Верица и самата признала дека често бегала и барала заштита од полицијата.

Анабела Атијас се развела од сопругот Гаги Џогани, а по разводот, признала дека Гаги со години ја малтретирал. Кога го изјавила тоа, ѝ било срам, но сепак решила повеќе да не го трпи, па се развела од танчарот. Во бракот ги добиле двете ќерки, а денеска се во добри односи.

Гоца Тржан признала дека трпела насилство од поранешниот партнер и истакнала дека за таквите работи не треба да се молчи.

„Првиот пат кога случи насилството, му простив, вториот пат не можев. Ме удри и ми ја пукна очната дупка. Не сакам да се навраќам на тие сеќавања, но добро е да се знае дека такви работи се случуваат и за нив не треба да се молчи“, изјавила Гоца во еден момент.

Катарина Остојиќ – Каја преживеала насилство пред клуб каде што во тој момент ѝ бил украден и мобилниот телефон. Станувало збор за непознат маж, кој претходно ѝ се пуштал во клубот и се обидувал да ја бакне.

Миа Борисавлевиќ била претепана од поранешното момче за време на настап во еден белградски клуб. По кратката расправија, тој ѝ удрил неколку шлаканици, а таа веднаш отишла во полиција, каде што го пријавила.

Маја Маријана за време на Велипеток 2013 година добила неколку удари од сопругот во моментите кога се враќала од слава. Инцидентот се случил во автомобилот по што таа успеала да побегне. Завршила на Ургентниот центар, каде што лекарите утврдиле дека има полесен потрес на мозокот.

Милица Дабовиќ го обвинила својот поранешен сопруг Симон Шиклиќ дека ја претепал. Кошаркарката ја раскинала врската откако Симон ја претепал, а претходно го пријавила во полиција.

Фитнес-инструкторката Ана Марија Жујовиќ била претепана од страна на поранешното момче, водителот Владо Станоевиќ. Случајот завршил на суд кога претходно против Станоевиќ бил поведен судски процес. Тој во тие моменти заминал за Америка, каде што го усовршувал англискиот јазик. За тоа време Ана Марија останала во Србија и понатаму се надева дека правдата ќе го стигне насилникот.

Актерката Мина Лазаревиќ била претепана од страна на сопругот Горан Станиќ. Тој во бес ја застрелал со автоматска пушка, а соседите веднаш повикале полиција. Патролата пристигнала во станот и ја затекле Мина целата во крв.

 

Scroll to Top