Српските пејачки по три недели оздравеа од корона

Пејачките Милица Тодоровиќ и Славица Ќуктераш по три недели оздравеа од коронавирус. Тие по два позитивни теста, конечно, добија негативен резултат на третиот тест за Ковид-19 и излегоа од изолација.

„Феноменални вести. По 21 ден, нашите резултати се негативни“, напишаа пејачките на Инстаграм и објавија и слики од тестирањето.

Дека има корона прва дозна Славица, а неколку дена потоа и Милица. Двете пејачки беа заедно цело време додека беа заразени. Полошо помина Тодоровиќ, која речиси две недели имаше температура што не можеше да ја симне, а Ќуктераш беше без симптоми.

Scroll to Top