Српските пејачки позитивни на корона

Српските пејачки Славица Чуктараш и Милица Тодоровиќ се позитивни на коронавирусот. Тие изминатиот период беа постојано заедно, особено откако Славица се разведе, а Милица ја раскина љубовната врска. Прво Славица, која имала симптоми, направила тест и се покажа дека е позитивна, а потоа и Милица, која откако дознала за тестот на нејзината пријателка и колешка, го направила истото, а рзултатот бил позитивен. „И двете сме изолирани и ги следиме препораките од докторот сè додека тестот не покаже дека сме негативни“, изјавиле пејачките за медиумите.

Scroll to Top