Српско име за синот на Ана Ивановиќ

Славната тенисерка Ана Ивановиќ треба да се породи во февруари. Таа и нејзиниот сопруг , фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, веќе на големо размислувале какво име да му изберат на детето.

Ана и Бастијан имаат свои фаворити, ама едно е сигурно, детето ќе има српско име, пишуваат медиумите.

Во игра биле имињата Стефан, Марко, Лука и Александар.

„Ана и Бастијан се воодушевени што првото дете ќе им биде син. Таа навива да се вика Стефан, додека на Бастијан му се допаѓа името Марко. Во тесниот круг се имињата Александар и Лука „ изјавил нивни близок пријател.

Scroll to Top