Старлетата Сандра Медуза откри колку чинат нејзините услуги

Српската старлета Сандра Медуза, која учествуваше во реалното шоу „Парови“, откри дека за своите услуги наплања од 50 евра нагоре, ама дека нејзините услуги не вклучуваат секс со клиентите.

dobivaj vesti na viber

„Некои ми нудат од 200 до 500 евра за секс, и тоа се најчесто нашинци. Неколку странци ми понудија илјада до две илјади евра, но секогаш ги одбивам ваквите понуди“, рекла таа.

 

Во нејзиниот тарифник за услуги стои дека најевтино чини кратка видео снимка во долна облека која ја наплаќа 50 евра. За секси фотографија бара 100 евра. За разговор со неа, клиентот прво мора да плати, а потоа да разговара со неа. За да биде нечиј придружник за вечера, освен што тој треба да ја плати вечерата, за дружењето со Сандра треба да одвои 100 евра. Тие што сакаат да го искористат нејзиниот задник како реклама, треба да платат 300 евра, а ако некој сака да ја изнајми за 12 часа треба да ѝ плати 450 евра.

„Со тие пари не купува секс со мене, само моето друштво“, рекла старлетата, која ќе учествува во втората сезона од реалното шоу „Задруга“.

Scroll to Top