Сулејман Величествениот ќе ја посети Србија

Турскиот актер Халит Ергенч на почетотот на следната година ќе ја посети Србија. Тој во земјата ќе остане подолго време поради работни обврски, а ќе биде продуцент на новиот филм на режисерот Предраг Антониевиќ. Истовремено, тој ќе има и една од главните улоги во филмот. Ова ќе биде негово прво разгледување на теренот, а потоа ќе се врати во земјата наесен кога и ќе почнат подготовките за снимање на филмот.

Антониевиќ неодамна престојуваше во Турција каде што се сретнал со Ергенч, по што договориле соработка.

„Турскиот актер одлучи да биде копродуцент на мојот следен филм ‘Јаничар’. Многу му се допаднаа сценариот и улогата на Мехмед, што ќе ја игра тој“, изјави Антониевиќ по враќањето во Белград.

Scroll to Top