Сузана Манчиќ откри која српска пејачка прва вгради силикони: „Бев воодушевена од нејзината интервенција“

Водителката Сузана Мачиќ еднаш откри која српска пејачка прва вградила силиконски импланти на сцената.

Дамите од српската јавна сцена вложуваат неверојатни пари во својот изглед, а често зборуваат и за естетските интервенции кои ги имале на себе. Водителката Сузана Мачиќ во една прилика откри дека пејачката Зорица Брунцлик е првата пејачка во Србија која има силиконски импланти на градите.

„Од нашите пејачки силикони прва имаше Зорица. Бевме заедно на турнеја и јас, воодушевена од нејзиното деколте, ја прашав каде ја направила интервенцијата, дали боли, колку чини“, изјави тогаш Сузана, а потоа додаде:

„Таа ми објасни сè и го препорача својот хирург во Минхен, чие име, верувале или не, и денес се сеќавам. Неговото име беше Герд Контен. Тој направи моите гради да изгледаат одлично и по триесет години. Благодарност до Зорица и него“.

Scroll to Top