Сузана Манчиќ проговори за секс-снимката: Децата ми одеа во школо, а јас се срамев како гола да ме обесиле среде улица

By

Една од најпознатите лото-девојки во поранешна Југославија, Сузана Манчиќ (64), се присетила на времето кога во 2005 излезе во јавноста нејзината снимка со секс.

Во тоа време јавноста наголемо зборуваше за видео-снимката на која Сузана иам секс со  поранешниот сопруг. Сепак, никогаш јавно не се кажа кој ја објавил секс-снимката на Манчиќ и поранешниот маж. Водителката сега признала дека се разболела од силниот стрес.

“Никој не ми помогна, освен неколку пријатели и децата. Во еден момент им реков никому да не кажуваат дека сум нивна мајка, а мојата Наталија ми рече: „Горда сум што си моја мајка“. Тоа се некои работи што ве воздигнуваат. Никогаш не знаете што ве чека во животот, но мора барем пред себе да бидете чисти. Од силниот стрес имав зголемен холестерол, добро поминав, можеше да биде и многу полошо“- признала Манчиќ за српските медиуми.

 

Таа претходно рече дека во тоа време ѝ било исклучително тешко бидејќи, поради смртта на нејзината мајка, веќе била емоционално разнишана.

„Се чувствував како да ме обесиле гола среде Теразија. Поради смртта на мајка ми, јас веќе бев емотивно потресена, а моите две девојчиња беа во критичните години на пубертетот. Тие требаше да одат на училиште, а јас морав секој ден да излегувам на улица. Се чувствував засрамено и никогаш не ми било потешко во животот, а уште потешко ми беше, затоа што некои тврдеа дека самата јас сум го објавила видеото во јавноста“, изјавила водителката.

Во тоа време, атрактивната Сузана веќе пет години се дружела со грчкиот банкар Симеон Оцомокос, нејзиниот сегашен сопруг.

Ќе ви се допадне

AnimeDao i want to eat your pancreas animedao: Watch Dragon Ball (Dub) Episode 14 (https://animedao.nl/m/K23/ep-14)

AniWatch anime online: Kuroko's Basketball 2 Episode 25