Свекрва ми е мајката на Филип, а не Лепа Брена: Пријавиќ разочарана од колегите, вели не ѝ простуваат што се омажила со синот на Живојиновиќ

Српската пејачка Александра Пријовиќ е веќе неколку години во брак со Филип Живојиновиќ, синот од првиот брак на поранешниот тенисер Боба. Таа е во одлични односи со Лепа Брена, втората сопруга на тенисерот.

Иако Пријовиќ избегнува да зборува за приватниот живот, сепак во една прилика изјави дека колегите не ѝ простиле што се омажила за Филип Живојиновиќ. Исто така, често ѝ се препишивало дека кариерата ја подигнала на повисоко ниво благодарение на Брена и Филип.

„Мојот брак им е многу поважен на моите колеги отколку мојата кариера. Мислам дека сите успеси би можеле да ми ги простат и да поминат преку нив, но бидејќи се омажив со него, тоа не е така. Понекогаш излегува дека без Филип и Брена немаше да успеам. Акцентот е секогаш на него, без разлика што сама ги финансирам сите песни и спотови“, изјави таа.

Потоа таа откри дека Лепа Брена не ѝ е свекрва, со цел да разјасни некои работи.

„Морам, пред сè, да кажам дека мојата свекрва не е Лепа Брена, туку мајката на Филип, Зорица“, рече таа.

Пријовиќ додаде дека Брена е прекрасна жена, која се грижи за семејството, и е многу добар човек, притоа истакнувајќи дека има прекрасен однос со Брена и Боба.

Scroll to Top