Таму сите се искомплексирани будали, рече Бора Чорба за жирито на „Гранд“

Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата „Рибља чорба“, колегите од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ ги нарече искмплексирани будали. Пејачот изјавил дека најмалку внимание посветуваат на кандидатите во шоуто.

„Во жирито на ‘Ѕвездите на Гранд’ гледаме искомплексирани будали, чест на исклучоците, кои мислат дека тие се главни во шоуто, а не оние несреќни деца што се натпреваруваат, стојат и со часови ги слушаат нивните будалштини за што било, а најмалку за нивното пеење“, рече Бора и во интервју за „Новости“.

А неговата колешка, пејачката Снежана Ѓуришиќ, која со години е член на жирито на шоуто, во интервју вели дека сите што седат во „Гранд“ имаат големо име и блескава кариера.

„Сечие мислење почитувам, што не значи дека се согласувам со него. Како музички уредник одлично знам што правиме ние како жири во однос на натпреварувачите. Покрај тоа што ги оценуваме, ние сме и ментори, што значи дека им помагаме и ги водиме како што ни одговара и слободно ќе кажам дека сите ние во жирито сме кредибилни луѓе со сериозни кариери зад нас“, изјавија Снежана Ѓуришиќ.

Scroll to Top