Тања имаше лезбиска врска со девојка од Виена, тврди сопругот на фолк-пејачката

Душан Јованчевиќ, сè уште официјален сопруг на фолк-пејачката Тања Савиќ, вели дека неговата жена имала лезбиска врска со девојка од Виена пред тие двајца да се запознаат. Во интервју за „Курир“, Душан рекол дека Тања, по венчавката, му признала оти била во љубовна врска со девојка по име Нарциса, а дека нему не му било сеедно кога дознал за љубовта.

 

„Прашајте ја Тања за Нарциса, што ѝ значи тоа име. Прашајте ја што правеа заедно голи во кревет по еден нејзин настап во Виена. Инаку, таа девојка, Нарциса, живее во Виена. Тања ми кажа дека се сретнале по некој нејзин настап и завршиле во нејзината хотелска соба. Не ми беше сеедно кога го слушнав тоа. Не измислувам, тоа лично ми го кажа Тања. Се пофали што направила. Замислете. Нема да молчам, нека ме осудат, но вистината за неа мора да излезе на виделина“, рекол Душан во интервјуто.

На прашањето дали Тања била во лезбиска врска пред или за време на бракот со него, тој рекол дека врската се случила непосредно пред тие да се венчаат.

„Ѝ кажав дека тоа требало да ми го каже пред да се оженам за неа. Да го знаев тоа, никогаш немаше да се венчаме. Тоа би променило сè. Се скаравме жестоко. Кога ја виде мојата реакција, ми рече: ‘Ајде што ти е, секоја девојка пробала со друга девојка, да види како е’. Само ја погледнав и не можев да поверувам што слушам бидејќи кога се запознавме, се претставуваше како фина семејна жена“, додал Душан.

Јованчевиќ вели дека поминал преку лезбиската врска на својата жена затоа што искрено ја сакал.

„Немам ништо против ваквите постапки, но требаше да знам за тоа пред бракот. Но, тогаш не би планирал живот со неа бидејќи не ме интересираат жени со такви авантури. Веќе беше доцна, морав да прифатам дека се случило, иако тоа ме мачеше со месеци. И имам да ѝ кажам на мојата сопруга уште нешто: Ако таа може да го лаже овој народ за мене, тогаш можам и јас да ја кажам вистината што ја кријам долго време. Уморен сум од нејзините лаги“, рекол тој.

Scroll to Top