Тања Савиќ прозборе за зависноста на сопругот од дрога

Откако српските медиуми пишуваа дека Дејан, сопругот на фолк-пејачката Тања Савиќ, се пријавил на лечење од дрога, но и дека таа позајмила 20.000 евра за да ги исплати неговите долгови, пејачката демантира дека тој е наркоман. Таа на „Инстаграм“ напиша дека се што е напишано во медиумитеизминатите неколку дена е лага.

„Ова го пишувам само заради моите фанови, инаку не би се огласувала. Драги мои, се што ќе прочитате или ќе слушнете во медиумите, а да не е од моја уста, не верувајте. Се е лага. Многу од вас се загрижени, затоа сакам на овој начин да ви кажам дека нема потреба да се грижите. А новинарите нека си ја работат својата работа, од тоа живеат… Само нека стават поголема фотографија и тоа е тоа. Уживајте во моите нови песни, наскоро излегува нова“, напиша Тања.

Не е првпат пејачката да се најде во центарот на вниманието заради сопругот. Пред неколку години се пишуваше дека двојката ќе се разведува бидејќи тој ја тепал, но и дека таа си ги зела децата и од Австралија, каде што живееја заедно, се вратила кај родителите во Србија.

Scroll to Top