Таткото на Дарко Лазиќ ја избркал Ана Севиќ од болница

Таткото на Дарко Лазиќ, Милан, минатата недела ја избркал неговата снаа Ана Севиќ од болницата. Тој ѝ кажал дека не е пожелна и дека не сака да ја гледа покрај неговиот син.

Милан бил револтиран затоа што пејачката не сакала да донира крв за неговиот син во моментите кога бил во кома и се борел за живот по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеал на 23 октомври.

„Милан ѝ рекол на Ана дека прави проблеми и од тој ден таа повеќе не дошла во посета на Дарко во болницата. Милан не може да се помири што Ана убедувала други луѓе да не даваат крв под изговор дека не му е потребна. Никому не му е јасно зошто го направила тоа. Со својата објава таа направила збрка меѓу луѓето во цела Србија кои сакале да помогнат, а на крајот не дошле затоа што ѝ поверувале“, вели извор близок до семејството.

Објавата на Ана не е единственото што го изнервирало таткото на Дарко. Капката што ја прелила чашата било нејзиното интересирање за наплата на осигурувањето.

„Милан и неговата сопруга се свесни дека бракот меѓу Дарко и Ана е готов, а од нејзина страна не е човечки да се распрашува за наплата од осигурувањето. Се изненадиле и кога дознале дека отишла на концерт на Маја Беровиќ. Таткото на нејзиното дете е во тешка состојба, а таа се забавува“, завршува изворот.

 

Ана Севиќ се огласи на социјалните мрежи велејќи дека  собирала сила додека била во посета на Дарко во болницата.

„Јас направив сè што беше во моја моќ. Прво слушав како велат ‘што бара таа тука’, потоа ‘види сега, не доаѓа во болница, патува’. Во болницата барав сила што сакав да му ја пренесам на мојот сопруг во неговата најголема борба. Барав енергија во себе за да му ја дадам, затоа што на таткото на моето дете сега му е потребна повеќе од кога било претходно. Секој од нас пред година дена тргна по својот пат и секој од нас води свој живот. Јас одбрав да бидам среќна и сакана затоа што имам право на тоа, како и сите вие. Среќата е право на избор. Секој заслужува да биде среќен. Моето дете заслужува да биде среќно, јас сум таа која треба да му покаже како тоа изгледа“, напиша Ана Севиќ.

 

Scroll to Top