Татковците си ги земаа своите ќерки од училиште, а јас тажно гледав во нив: Анастасија Ражнатовиќ за животот со еден родител

Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ (23) не го крие својот однос со мајка си, а неодамна за медиумите откри со какви предизвици се соочувала со оглед на тоа што растела без татко.

„Од кога знам за себе не се сеќавам на татко ми. Секогаш ми беше тешко што немам татко, а најмногу татковците ги земаа своите ќерки од училиште“, вели таа.

Анастасија притоа откри зошто се гордее со својата мајка.

„Од сè се откажала затоа што е поинаку кога двајцата родители водат грижа за децата. Самохраниот родител мора сè сам да носи на својот грб. Мајка ми цел живот јавно се експонира и помина низ многу работи. Сето тоа дополнително ја отежнуваше ситуацијата. Со големиот притисок на јавноста таа мораше да биде добра мајка. Многу се гордеам со неа, сега и засекогаш“, истакнува таа.

Scroll to Top