Тенисерката Јелена Јанковиќ стана мајка

Српската тенисерка Јелена Јанковиќ стана мајка. Таа роди девојче во приватна болница во Белград, пренесоа медиумите. Ова е прво дете на некогашната тенисерка и на нејзиниот свршеник, д-р Бранко Бараќ, со кого се запозна пред околу една година.

Јелена изминатиов период воопшто не се појавуваше во медиумите и не сакаше да зборува за бременоста, но и за врската со белградскиот лекар, кого го запозна преку Новак Ѓоковиќ. Двојката планира свадба, но според српските медиуми, тие ќе се венчаат кога малку ќе се смири пандемијата.

Јанковиќ, која пред неколку години беше најдобра тенисерка на светот, се повлече од тенисот. Во едно од нејзините последни интервјуа, додека активно играше тенис, таа изјави дека по крајот на кариерата сака да се омажи и да има деца.

 

Scroll to Top