Тешко ми е без него, водителката Пишек неутешна по смртта на сопругот

По смртта на Видое Ристовиќ, сопругата и водителка Николина Пишек дојде во Белград и рече дека сè уште не ја знае причината за неговата смрт и дека ѝ е тешко без него.

„Тешко ми е и не можам да зборувам. Сè уште не е направена обдукција и не ја знам причината за неговата смрт. Знам исто колку и вие. Не ги знам сите детали“, рече Пишек.

За потсетување, тие се венчаа во 2013 година во Монте Карло. Видое ја побара со прстен од 15.000 евра, а за гламурозната свадба потрошија 400.000 евра. Во декември 2014 година ја добија ќерката Уна Софија и живееја на релација Белград – Загреб.

Видое Ристовиќ почина за време на масажа на телото во салон откога му се пожалил на терапевтот дека не се чувствува добро. Се онесвестил и починал неколку минути подоцна. Вишото јавно обвинителство во Белград нареди обдукција и токсиколошко вештачење на телото за да се откријат причините за смртта.

Scroll to Top