„Тие луѓе никогаш не заслужуваат да седат ни да зборат со мене“ – Полумента објасни зошто не влегува во шоуто

Вистинскиот Шако живее во своите песни, а не на телевизија. За ништо на светот не би прифатил да влезам во ријалити шоу“, изјави тој.

Иако се зборува дека еден од учесниците на „Задруга“, ќе биде Шако Полумента, пејачот тоа го демантираше и како што вели, за ништо на светот не би се согласил да влезе во некое ријалити шоу.

Кога би допуштил да влезам во ријалити, би фрлил сенка на сето тоа што со децении го градев. Толку хитови, толку настапи и толку луѓе кои ја почитуваа мојата работа. Не знам кој учестува во тоа, ниту ме интересира. Никогаш не би си дозволил да седам со таков профил на луѓе. Тие не заслужуваат ни да седат, ни да разговараат со мене. Да се во тие емисии колегите слични на мене, тоа би била друга приказна“, изјави Полумента, и додаде дека семејството му е најважно и дека не сака да го загрози.

„Вистинскиот Шако живее во своите песни, а не на телевизија. За ништо на светот не би прифатил да влезам во ријалити шоу. Не ми прилега ваквото нагодување затоа што тоа е обид да се извалка се што досега работев, а работев многу. Веќе сешто се говореше преку мојот грб и грбот на членовите на моето семејство. Се извлеков од тоа благодарение на убавите работи кои ги донесов на луѓето, и тоа е нешто што нкогша нема да може да ми го земат“, заклучи Шако Полумента.

Scroll to Top