Тој ја прави мајка ми среќна и јас не немам право да се мешам: Анастасија прозборе за дечкото на Цеца

Немам право да се мешам во нејзината среќа, вели Анастасија Ражнатовиќ за љубовната врска  нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ. Таа за  медиумите зборуваше колку и е  благодарна  на мајка си , а потоа коментираше колку таа и нејзиниот брат Вељко влијаат на нејзиниот љубовен живот.

“Таа знае сè, немам што да ѝ кажам. Благодарна сум ѝ за сè, што целиот свој живот го посвети на мене и на мојот брат“, рече пејачката, а потоа зборуваше и за емотивната врска на нејзината мајка.

„Таа беше сама толку години и се бореше сама, па мислам дека машката фигура не влијае на нејзината сила. Таа е силна жена и никој не влијае на тоа. Тој може само да ѝ го направи животот подобар “, рече Анастасија и додава: Секако дека нашето мислење ѝ значи, но мислам дека немам право да се мешам во нејзината среќа и јас да ги избирам нејзините партнери. Таа е таа што ќе одлучи со кого ќе стапи во врска. Не се прашувам тука, можам само да ја поддржам – вели Ражнатовиќ, за српските медиуми

Scroll to Top