Тони Кукоч жртва на финансиски измами и елитна проституција

Легендарниот кошаркар на Чикаго Булс, Тони Кукоч покрај спортската кариера, ќе остане запаметен и по неколкуте скандали кои го одбележаа неговиот живот, поврзани со финансиска измама и ланец на елитна проституција.

Кошаркарот жртва на финансиска измама

Кукоч покрај скандалите со елитна проституција, бил жртва и на сериозна финансиска измама. Тој изгубил повеќе од пет милиони евра, а го измамил неговиот финансиски советник Паоло Банфи, кој инвестициите за хотел во ексклузивното скијалиште Сент Морик, место да ги вложи за изградба, тој си ги земал за себе.

Кукоч го тужел, но судскиот спор се развлекувал со години. Според последните информации, швајцарското обвинителство има собрано огромна документација против Банфи.

Кукоч и Банфи се запознале кога кошаркарот играл за „Бенетон Тревизо“ и тоа на препорака на луѓето од прочуениот италијански клуб. Кога крилниот кошаркар преминал во редовите на Чикаго и почнал да заработува многу повеќе во Италија, тогаш и соработката со Банфи станала поинтезивна.

На Кукоч му бил потребен некој да ги води сметките за финансиите. Банфи прво му предложил сите пари да ги префрли во некоја од швајцарските банки, а потоа добил и овластување дека може да раководи со парите на Кукоч и да врши одредени трансакции.

Италијанецот во 2004 година, го советувал тогашниот кошаркар на „Милвоки Бакс“ да изгради хотел во скијалиштето Сент Морик. Во проектот било замислено да има ресторан и седум луксузни апартмани за гостите со висока престижна моќ. Банфи го убедил Тони да не вложува кеш, туку да подигне кредит, нешто на што тој се согласил.

Кога во зимата 2007 година, по завршувањето на играчкат акариера, дошол да види до каде се градежните зафати, Хрватот сватил дека тие не се во очекуваната фаза. Тогаш дознал дека објектот не се градел во Сент Морико, туку на 14 километри оддалечена лоакција во селото Мадулејн. Тогаш советникот му ветил дека се ќе биде готово за девет месеци, но се време ништо не се променило.

Кукоч подоцна сватил дека е жртва на измама и дека Банфи со години извлекувал пари од неговата сметка. Дури во 2012 година, Хрватот ангажирал адвокати од швајцарскиот град Лугано, кои поднеле пријава против Банфи. Така почнал судскиот процес кој трае до ден денес.

Банката во меѓувреме ги запленила хотелот кој бил под хипотека и го продала. Наместо очекуваните 18 милиони евра, колку што го убедувале Кукоч дека ќе биде вреден, целото здание е проценето на пет милиони долари.

Банфи инаку поради разни измами веќе поминал осум месеци во притвор во 2015 година, но постапката сеуште не е завршена. Тој изјавил дека може слободно да го вратат зад решетки, затоа што нема ниту едно евро. Наводно ги прокоцкал сите пари.

Името на Кукоч поврзано со ланец на елитна проституција

Првиот случај е од 2011 година, кога името на Кукоч е поврзан со случај на елитна проституција. Кога полицијата во Хрватска го открила ланецот, подоцна дошле до сознанија дека меѓу клиентите имало многу познати спортисти.

Тони Кукоч бил играч за кој никогаш не се поврзувале и збореле за никакви афери. За него се пишувало исклучиво за големите спортски успеси кои ги има постигнато. Сепак, пред неколку години, елитна проститутка, тврдека дека таа имала сексуален однос со Кукоч.

„На АТП турнирот во Умаг, јас работев како хостеса. Перуновиќ ме повика и ми рече да отидам во еден хотел во Пореч, каде треба да се погрижам за Тони Кукоч. За сексуалниот однос ми плати 500 евра“, навела старлетата во исказот.

Недолго потоа стигнале демантите од страна на Тони Кукоч, а обвинувањата на старлетата не му наштетија на неговата долгогодишна кариера и брак. Кукоч со неговата сопруга Рената е во врска од средношколските години.

По неколкугодишна врска, двајцата се земаа и живеат во Америка во изминатите 27 години. Имаат две деца, синот Марин и ќерката Стела. Нивните деца се школуваат во Америка, а Марин продолжил по стапките на неговиот татко и е успешен во кошарката. По пензионирањето на Кукоч, тие сакале да се вратат во Сплит.

Семејството нашле решение, со тоа што летата ги минуваат во Далмација, а останатите денови во годината се во Америка.

Спортската кариера на Тони Кукоч

На денешен ден во 1968 година е роден славниот југословенски и хрватски кошаркар Тони Кукоч. Кариерата ја почнал во тимот од Сплит, „Југопластика“, а за првиот тим дебитирал во 1985 година. Во овој клуб останал до 1991 година. Во тој период три пати по ред ја освојувал титулата европскиот клубски шампион (1989, 1999, 1991).

Покрај трофејот на европска сцена, Кукоч имал успех и во домашните натпреварувања во дресот на „Југопластика“, освојувајќи четири првенства и два Купа на Југославија.

Кукоч во 1991 година, заминува од Сплит и потпишува за „Бенетон Тревизо“. Тука ги минува наредните две сезони и му помага на клубот да го освои првенството и Купот на Италија. Тоа биле првите трофеи во клупската историја. Во втората сезаона, својот тим го однел во финалето на Евролигата.

Поразени се од францускиот тим Лимож, а Кукоч по трет пат во кариерата е прогласен за МВП на фајнл-фор и така станал првиот играч кој ја добил оваа награда, а да не е од редовите на освојувачот. На НБА драфтот во 1990 година, бил избран како 29 пик на „Чикаго Булс“.

Сепак Кукоч продолжил да игра во Европа до 1993 година, кога „Булси“ ја освоија третата едноподруго титула и откако легендарниот Мајкл Џордан се повлече за прв пат. Кукоч во првата сезона влегуваше во игра како замена за Скоти Пипен и Хорас Грент.

Хрватот имал солидна дебитантска сезона, со двоцифрен просек на постигнати кошеви. По заминувањето на Грант на крајот на сезоната, Кукоч станал стандарден член во почетната петорка. Таа сезона бил втор стрелец, втор скокач и втор асистент на тимот, веднаш зад Скоти Пипен.

Во сезоната 1995/96 година, Мајкл Џордан се враќа, а „Булси“ го донесоа и центарот Денис Родман. Во таква ситуација, тренерот Фил Џексон го преселува Кукоч на клупата. Кукоч бил трет стрелец на тимот (зад Џордан и Пипен) и поради своите заслуги е прогласен за најдобар шести играч таа сезона.

Чикаго таа сезона ја освои својата четврта титула и постави рекорд во однос на победи и порази од 72-10. Во 1997 година и 1998 година, Кукоч сеуште влегувал од клупата како шести играч, додека „Булси“ ја освоија својата петта и шеста титула. Повторно Кукоч бил трет стрелец на тимот.

По локаутот и заминувањето на Џексон, Џордан и Пипен во 1999 година, екипата била во фаза на престројување. Кукоч таа сезона бил прв стрелец, скокач и асистент на „Булс“. Потоа Кукоч заминува во „Филаделфија севентисиксерс“, каде по кратко време повторно е трејдуван. Овој пат во „Атланта хокс“.

По кратко време во „Атланта“, Кукоч конечно завршува во „Милвоки бакс“, каде играл до завршувањето на сезоната 2005/06. На 12. септември 2006 година, Кукоч наговести дека ќе се повлече од професионалната кошарка, ако не потпише нов договор со „Милвоки Бакс“, или „Чикаго булс“, за сезоната 2006/07.

Иако бројни клубови покажале интерес за Кукоч, тој ја изразил својата желба да живее во близина на својата куќа во Хајланд Парк во Илиноис.

По неуспешните преговори со „Чикаго булс“, Кукоч го објави своето повлекување од кошарката на 31 октомври 2006 година, на 38-годишна возраст.

Scroll to Top