Тони Цетински ја продава вилата за 1.250.000 евра

Хрватскиот пејач Тони Цетински ја продава луксузната камена вила со базен во Радетич, Истра, која пред 12 години ја доби како подарок од родителите Мирка и Винко. Тој вилата сега ја продава за 1.250.000 евра. Вилата има 226 м2 станбена површина, а поседува пространа дневна соба со камин, кујна, трпезарија, три спални соби, три бањи и гостински тоалет. Дворот е 1,136 м2, а поседува и базен што се загрева и џакузи.

„Таа недвижност е од дедо ми, а со текот на годините малку ја реновиравме. На моите родители не им пречи што ја продавам. Мене не ми треба толку многу простор, јас барам помала куќа во Ровињ,“ рекол Цетински за хрватските медиуми.

Тој додал дека сака да остари во родниот крај бидејќи тоа му е најомилено место за живеење. Музичарот уште во 2017 година рече дека се заситил од животот во Загреб по цели 25 години.

„Камената вила се продава веќе некое време. Огласот не е објавен сега затоа што итно ми требаат пари или нешто слично. Тој е само обновен и затоа пишува дека се продава од почетокот на март. Ако се најде добар купувач, зошто да не“, рекол Цетински.

Во огласот стои дека во предвид доаѓа и замена за имот во Ровињ.

Scroll to Top