По сообраќајната несреќа што се случила вчера попладне во Ровињ, а во која Тони Цетински прегазил човек кој лежел на улица, во јавноста се огласил и хрватскиот пејач. Тој дал куса изјава за медиумите.
„Учествував во сообраќајна несреќа во која не сум виновен. Сигурен сум дека полицијата ќе го потврди тоа по увидот на самото место. Потресен сум и немам зборови со кои би го опишал најлошиот ден во животот“, рекол Цетински.
Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 14 часот, кога пејачот влегувал во тесна еднонасочна улица во Ровињ и со својот автомобил прегазил човек кој бил паднат на улицата. Точните причини за смртта не се познати, а полицијата истражува дали човекот починал претходно или како резултат на прегазувањето.