Тони Цетински со концерт на Хераклеја во Битола

Хрватскиот музичар Тони Цетински на 19 август ќе одржи концерт на Хераклеја во Битола. Ова ќе биде негов прв настап во Македонија по речиси три години.

Цетински ќе ги испее своите најголеми хитови, но и некои од новите песни што ги промовира откако почна корона-пандемијата.

Популарниот пејач неодамна преку „Инстаграм“ најави дека им се враќа на настапите во живо. Тој тогаш најави дека меѓу концертите што ги договара ќе има и концерт во Македонија, но дека дополнително ќе ги открие локацијата и датумот.

Организатор на концертот на Цетински е „Прагма продукција“, која вели дека ќе ги запазат сите мерки на безбедност пропишани од Министерството за здравство, а за одржување настани на отворено со публика.

Scroll to Top