Топалко ја спречил сопругата да абортира

Српскиот фолк-пејач Милан Топаловиќ – Топалко во едно скорешно интервју признал дека пред повеќе од 20 години ја спречил сопругата Весна да абортира.

„Абортусот е голем грев. Мојата ќерка Хелена немаше да се роди ако не бев упорен и не ја убедев сопругата Весна дека не треба да абортира. Не планиравме бебе, ама таа остана трудна. Имав само 20 години. И горд сум на себе што покажав голема храброст во тој момент“, рекол Топалко.

Тој во истото интервју рекол дека не е противник на разводот.

„Одамна не е срамота луѓето да се разведуват. Подобро да тргнат по свој пат кога ќе сфатат дека не се еден за друг, отколку да се мачат“, додал тој.

Scroll to Top