Тозовац им се жали на лекарите: „Никој не сака да ме посети, пуштете ме да умрам дома“

Популарниот српски пејач Предраг Живковиќ Тозовац, за српските медиуми изјавил дека неговата психичка состојба е влошена и дека откако се заразил со коронавирус, тој веќе неколку недели лежи сам во болницата.

Тврди дека му е лошо бидејќи никој не му доаѓа во посета, а од креветот едвај може да стане и да оди до тоалет. Побарал од лекарите да го пуштат дома, каде може да почине на мира.

„Откако ја примив кинеската вакцина состојбата ми се стабилизираше, ама сега сум психички лошо. Не сум добро и верувајте дека едвај издржувам во болница. Никој не ми доаѓа во посета, бидејќи е ова ковид болница, а со мојата Мима се слушам само преку телефон и на неа ѝ се жалам. Ужасно е чувството кога по цел ден слушате само како апаратите за кислород пиштат. Тоа ни млади луѓе не би го поднеле, негативно влиаје на психата. Размислував да ги замолам лекарите да ме пуштат дома, достоинствено да умрам, ама тоа не е можно“, изјавил Тозовац.

Scroll to Top