Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ и Јованка Радичевиќ на крајот на оваа ракометна сезона од „Вардар“ ќе заминат во „ЧСМ Букурешт“. Романскиот клуб денес официјално ги претстави трите ракометарки.
Повеќето ракометарки и ракометари на „Вардар“ веќе најдоа нови кубови откако раководството на клубот најави драстично кратење на буџетот и вклучување на домашни ракометари и ракометарки во екипата.
Претходно Александра Лакрабер објави дека се враќа во татковината, додека голманката Амадин Лејно се договори со „Ѓер“.