Царот има корона, но купете билет за концерт за да ми го кренете имунитетот: Рамбо Амадеус откри дека има Ковид-19

By

Популарниот музичар Рамбо Амадеус преку Фејсбук откри дека има Ковид-19. Откако српските медиуми пишуваа дека тој е позитивен на корона, Рамбо ја потврди веста, па на шега напиша дека ќе му се подобри имунинтетот ако фановите купат карта за неговиот концерт што треба да се одржи во Белград на 10 април.

„Драги обожаватели, само без многу возбудувања и паника, вистина е дека царот е позитивен на коронавирус, но, не наседнувајте на драмски текстови во жолтиот печат, имам челично здравје. Короната демне, не бира, коси немилосрдно и уважени колеги, но, колку трагедијата и опасноста се поголеми, моралот мора да е повисок. Ветувам дека концертот, поради овие неопходни одложувања, ќе биде уште поинтересен и повозбудлив, со должен пиетет кон сите кои ја загубија битката со короната. Музиката не е за мене ни за моите колеги зезанција, туку неопходен сегмент од животот. Носете маски, држете дистанца и пријавете се за вакцинација. Но бога ми и навреме купете билет за концертот, бидејќи тоа најдобро ќе ми го крене имунитетот. Тоа е поддршка, сè друго се празни зборови. Шоуто мора да продолжи“, напиша тој меѓу другото.

Ќе ви се допадне

Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 7 (https://animeflix.nl/m/yJBp/ep-7) at website https://animeflix.nl. See more animeflix aot

Assassination Classroom (https://gogoanime.be/m/Mna) Episode 22 at GoGoAnime gogoanime anime list