Цеца била трудна пред Вељко и Анастасија

Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ ги има синот Вељко и ќерката Анастасија. Но, јавноста до скоро не знаеше дека пред да го роди Вељко, Цеца била бремена, ама го изгубила детето. Таа имала 22 години кога останала трудна, но бременоста се искомплицирала, Цеца имала спонтан абортус, а лекарите ѝ рекле дека веќе нема да може да има деца.

Сепак, пејачката и нејзиниот сопруг Аркан се решиле за вештачко оплодување кај најпознатиот српски гинеколог Миленко Пророчиќ во Белград. Од поодамна се знае дека Цеца го родила Вељко по вештачко оплодување. Таа неодамна признала дека првото дете го загубила и дека тоа ѝ бил еден од најболните моменти во животот за кои не сака да зборува ни денес.

Scroll to Top