Цеца доаѓа место Карлеуша во жирито во „Ѕвездите на Гранд“, оттаму велат ова е ветер во грб за шоуто

Во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ којашто ќе започне на 18. септември, во жири-комисијата ќе се приклучи и Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Како што објави продукцијата, оваа сезона Цеца ќе дојде на местото на Јелена Карлеуша којашто беше долгогодишен член на жирото, но повеќе нема да биде дел од музичкиот натпревар.

„Сигурни сме дека одличната музичка кариера, искуството и знаењето кои ги поседува Цеца ќе бидат ветер во грбот за новите учесници во овој натпреварувачки шоу програм. Нејзиното присуство во жирито ќе донесе нова енергија во која ќе уживаат и гледачите и учесниците, а шоуто „Sвездите на градот“ ќе биде погледано повеќе од било кога. Покрај оваа одлична вест за промените во стручното жири, подготвивме уште повеќе новини за гледачите, затоа што ќе се промени и добропознатата сценографија, така што во новата сезона ќе влеземе со визуелен идентитет којшто му одговара на најгледаниот шоу програм направен по сите светски стандарди. Во составот на продукциското жири и понатаму ќе бидат: претседателот Саша Поповиќ, Снежана Ѓуришиќ и Александар Милиќ Мили, додека Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Вики Миjковиќ, Драган Стојковиќ Босанац и Ѓорѓе Давид и оваа сезона ќе седнат на столчињата за стручно жири“, велат оттаму.

Scroll to Top