Цеца: Драгана Мирковиќ ќе пукне од љубомора

Фолк пејачките Драгана Мирковиќ и Цеца Ражнатовиќ, кои со години не зборуваат се сретнале на Новогодишно снимање на РТС. Од нивната средба се појави и аудио снимка на која се слуша како Драгана се поздравува со Цеца, а Ражнатовиќ само кусо и одговора, и продолжува во својата гардероба.

По оваа средба, се огласи и Цеца:

„Едно да ви кажам, вие имавте прилика да го слушнете разговорот каде јас послабо се слушам бидејќи бев во поминување. Јас се враќав од снимање, а Драгана седеше покрај мојата гардероба и секако јас морав да поминам. Искрено да ви кажам, кога некој со години индеректно ве коментира во негативен контекст и на лош начин ве коментира вас, вашето семејство, вашата кариера, не очекувате да ве поздрави. Таа го направи тоа, видовте со каков тон, со тој тон и беше возвратено, без никаква лоша намера. Ниту имав лоша намера, ниту сум таква личност по природа. Јас на дотичната колешка како и досега и посакувам се најдобро, вие сте сведоци, никогаш за никој немав лош збор. Од срце и посакувам во 2019 година да сними хит и да најде мир“ вели Цеца и додава:

„Јас имам многу пријатели на естрадата, а за две личности јавно можам да кажам дека ми се љубоморни За две личности можам да кажам лошите работи што ги зборуваат замене е само од љубомора, бидејќи не знам кои се причините, на никој немам направено ништо лошо, ја секого можам да погледнам во очи. Тоа е се што можам да кажам за темата Драгана Мирковиќ и тука ја завршуваме приказната“, изјави Цеца.

Од друга страна и Мирковиќ  кажа дека е воспитана и затоа се поздравила со својата колешка.

За оваа средба се огласи и телевизијата РТС која откри какви барања имала Мирковиќ пред Новогодишното снимање.

„РТС во договор со Драгана Мирковиќ и Цеца Ражантовиќ го организираше снимањето на Новогодишната програма. Цеца требаше својот дел да го сними во 18ч. Два дена пред снимањето Драгана не замоли таа да сними во 18ч. Ја контактиравме Цеца која излезе во пресрет на РТС и го отстапи својот термин на Мирковиќ“ пишува во соопштението на РТС.

Scroll to Top