Цеца главна ѕвезда на Пастрмајлијада во Штип

Балканската турбо-фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ е главна музичка ѕвезда на  Пастрмајлијада 2019, која ќе се одржува од 20 до 22 септември, во Штип.

На настанот ќе има околу 30 штандови на штипски угостители каде ќе се служи пастрмајлија, а покрај Цеца во текот на трите денови настапат и многу други музичари, како Викторија Лоба, Антониа Гиговска, Данијела Мартиновиќ, Нокаут и Игор Џамбазов и други.

И пред само четири години, Цеца исто така беше главната музичка ѕвезда на Пастрмајлијадата во Штип.

 

 

Scroll to Top