Цеца ќе биде најплатена од сите во жирито на „Ѕвездите на Гранд“

Пејачката Цеца ќе зема 200.000 евра за една сезона во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ и таа ќе биде најплатена од сите во жирито во шоуто. Цеца неодамна дојде на местото на Карлеуша во шоуто, кое ќе почне на 18 септември.

„Не, не се случи земјотрес. Се случи голема понуда и заемна добра волја за да се подигне едно музичко натпреварување на уште повисоко ниво и дополнително да се популаризира. Со сето тоа, со заедничка сила и искуство, ќе формираме нови лица на музичката сцена. Преговорите траеја извесно време. Ги конкретизиравме дури вчера. Не сакав да зборувам јавно за тоа додека не се потпише договорот, штом тоа се заврши, продукцијата ќе излезе со својата објава. Имам искуство на натпревари, како прво сама сум учествувала на нив и се борев за првите места, а повеќе години од кариерата станав дел од ‘Ѕвездите на Пинк’. Да бидам искрена, имам одлични сеќавања од тоа натпреварување”, рече Цеца во своето прво интервју по склучувањето на договорот.

Scroll to Top