Цеца ќе ја пее насловната песна за филмот на Џеј Рамадановски

На 6-ти декември се навршуваат три години од смртта на српскиот пејач Џеј Рамадановски, а премиерата на филмот за неговиот живот е планирана за тригодишнината од неговата смрт.

Според локалните медиуми, филмот е подготвен за свечена проекција, а како што открива извор близок до режисерот, насловната нумера на филмот ќе ја отпее фолк ѕвездата и блиска пријателка на Џеј, фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ.

– Имаше одредена песна што Марина и Фута ја напишаа за Џеј пред неколку години, а тој никогаш не ја снимил. Во тоа време веќе здравјето му се влоши и немаше сила да ја сними, но многу му се допадна. Песната остана во „фиока“ додека не се создаде идејата за снимање филм. Потоа Фута ја понудил на режисерите кои со ентузијазам ја прифатиле – вели изворот и додава: -Долго размислувале кој би можел да ја отпее песната но едногласно заклучиле дека Цеца е најпогодна бидејќи таа емоција ја има во гласот. Веднаш ја поканиле и Цеца воодушевено прифатила. Беше многу емотивна, и поради тоа што Марина ја напиша песната и затоа што требаше да ја пее за потребите на филмот на нејзиниот голем пријател.

Како што пишуваат тамошните медиуми, Фута дури им обезбедил и демо верзија на песната што ја пее Џеј. Благодарение на обработката на звукот и вештачката интелигенција, тие успеале да ја склопат и верзијата на Џеј која ќе се најде во изданието на филмот.

Да потсетиме, филмот се снимаше на локација во Белград (Дорќол) и Панчево. Првите кадри се снимија на 14 март, а завршија со снимање во средината на јуни. Во оваа филмска адаптација Џеј ќе биде прикажан како наратор на филмот, кој ќе не води, не само низ неговиот живот, туку и низ животот на Дорчол во тој период. Улогите им беа доделени на истакнати актери: Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогриќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Маша Ѓорѓевиќ и многу други.

Scroll to Top