Цеца купи веренички прстен за идната снаа Богдана

Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ потрошила големо богатство за вереничкиот прстен за нејзината идна снаа Богдана Родиќ, пишуваат српските медиуми.

Засега цената на прстенот не е позната, но блиски пријатели до семејството велат дека пејачката била возбудена кога заедно со нејзиниот син Вељко ја побарале раката од нејзините родители.

Цеца сподели фотографии на социјалните мрежи, а покрај прстенот фолк-пејачката на Богдана ѝ подарила и брилијнтски часовник.

 

Scroll to Top