Цеца купува стан за Вељко и Анастасија во Белград

Светлана Цеца Ражнатовиќ наскоро ќе купи стан во Белград, од околу 130 квадратни метри, за кој како што вели, кога ќе дојде време ќе им го отстапи на своите деца Вељко и Анастасија на користење.

„Цеца пред неколку години купи куќа на Кипар, која целосно ја уредила според своите желби. Не е тајна дека таму оди кога има слободно време. Се обидува да се одмори најдобро што може и да се опушти на место каде никој не ја познава. Поради тоа никогаш не ги жалела парите кои ги вложила во таа куќа. Но, неодамна сватила дека е време парите повторно да ги вложи во недвижнина, која ќе и остане на користење на нејзините деца. Поради тоа ангажирала агенција за продажба на недвижности и објаснила дека сака луксузен стан на атрактивна локација и зграда во која, освен приватното обезбедување, ќе има и теретана и спа центар“, вели извор близок до пејачката.

Меѓу комиите ќе и биде и Вики Милјковиќ, која на таа локација веќе има купено три стана.

„Вики веќе пазареше три стана кои се во изградба на таа локација, а Цеца неодамна со својата пријателка ги разгледала останатите. Тогаш се воодушевила од просторот, локацијата, но и погледот кој го има кон реката и белградските мостови. Тогаш решила да го пзари новиот дом во таа зграда и го повикала својот агент за недвижнини, од кого побарала да и ги покаже станоите кои останале за продажба“, вели изворот.

„Цеца во наредните неколку дена замина на разгледување на слободните станови, а во потесен избор влегле дури три луксузни недвижности во Белград на вода. Во наредниот период ќе треба да одлучи кој стан да го купи, а пејачката вели дека се консултирала и со своите деца Вељко и Анастасија. Цеца сака да купи стан кој се наоѓа на некои од последните катови. Таму се и најголеми, а нејзините деца ја поддржуваат во тоа. И се допаѓа тоа што станот има повеќе од 130 квадрати, две спални соби, како и одвоена кујна од трпезаријата и дневна соба. Исто така има и две купатила и огромен балкон, на кој Цеца планира да ужива и да го уреди по свој вкус. Станот е целосно опремен, секоја соба е климатизирана, вградени се комплетни кујнски елементи, вграден е паркет и плакар“, открива изворот.

„Сепак најмногу и се допаѓа тоа што станот е на престижна локација и тоа што во близина има многу паркови и зеленило. Зградата поседува и затворен базен, играчница за деца, теретана, рецепција која постојано е на располагање на станарите, но и место за паркирање“, завршува изворот.

 

 

Scroll to Top