Цеца, Марија и Драгана се простија од Синан Сакиќ

Цеца Ражнатовиќ, Марија Шерифовиќ и Драгана Мирковиќ се простија со тажни зборови преку социјалните мрежи од пејачката легенда Синан Сакиќ.

„Судбината на пат те праќа. Драги Синане, ти замина на место каде нема болка и солзи, но она што зад себе го остави ќе остане во вечноста. Почивај во мир, драги пријателе. Беше чест да се познава твојата душа, фала ти на сите убави песни и спомени кои ни ги остави“, напишала Драгана Мирковиќ.

„Искрено сочувство до семејството, замина пред своето време, но засекогаш ќе останеш запаметен по своите песни. Нека ти е лесна земја“, напишала Цеца.

„Во најсреќните и најтажните моменти од својот живот ги слушав и пеев твоите песни. Синане сите те сакавме. Ајде одмори се. Искрено сочувство до семејството Сакиќ“, порачала Марија Шерифовиќ.

 

Scroll to Top