Цеца на втора доза вакцина со нов имиџ

Цеца Ражнатовиќ ја прими прими втората доза од кинеската вакцина „Синофарм“ .

„Вакцинацијата е наша морална обврска и начин да се заштитиме себеси пред сè, а потоа и своето семејство, пријателите, сите луѓе со кои доаѓаме во контакт. Сите постојано говориме колку сме желни за нормален живот, па ајде заедно да се питрудиме да се случи тоа што поскоро“, рече таа пред три недели, кога ја прими првата доза на Белградскиот саем.

И овој пат српската пејачка пристигна насмеана, притоа претставувајќи го новиот имиџ. Сега има нешто потемна коса и шишки, кои, според фризерите, ќе бидат оваа сезона во тренд. На Саемот дојде во лежерна, елегантна варијанта, во бело од глава до пети.

На прашењето на новинарите како се чувствувала после првата доза, одговори дека немала никакви нус-појави, а и дека веќе имала одредена количина на антитела, со оглед на тоа дека минатото лето прележа корона.

Scroll to Top