Фолк-пејачката Светлана Ражнатовиќ на социјалните мрежи објави фотографија од својот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ – Аркан.
Цеца пред речиси две децении остана без својот сопруг, со кого има две деца.
Колку нејзиниот покоен сопруг и понатаму зазема важно место во нејзиното срце, говори и тоа што Цеца не пропушта ниту една годишнина или роденден, а да не го посети неговото гробно место.
Пејачката се огласила и на социјалните мрежи, каде што ја споделила семејната фотографија, со емотивен опис во кој директно се обратила.
„Ние немаме многу заеднички фотографии, само оние кога Вељко и Анастасија беа мали. Денес ти е роденден! Ти живееш во нас и со нас. Нека ти е вечна слава“, напишала Цеца.