Пејачката Цеца Ражнатовиќ вели дека нејзиниот живот е доста досаден. Таа едвај се сеќава на концертите, а како што вели, по настапот, секогаш се чувствува феноменално, полна со ентузијазам, енергија, среќна и подготвена за нови потфати.
Пејачката вели дека имала понуди да снима филм за својот живот.
„Секој што понуди соработка имаше еден услов, а тоа е да им дадам биографија што ќе ја изменат во одредени сегменти. Тоа е и почеток и крај, причина зошто не се согласивме. Едноставно, за да направам филм, и за сè да биде вистина, јас ќе треба да го финансирам сама. Во моментот немам ниту такви афинитети ниту финансии“, вели Цеца за „Србија данас“.
Најголемата радост за неа оваа година беше раѓањето на внукот и таа вели дека не ѝ пречи што јавноста ја примила оваа вест со голема љубопитност. Пејачката е сама со години и не е во врска долго време, а мажите не ѝ приоѓаат.
„Да не се лажеме, не им е лесно да ми пристапат. Ако имам некој, факт е дека сите ќе го видат тоа јавно, а вие не знаете ни како јас ќе реагирам ниту, пак, тој што е со мене. Не знам што да ги советувам мажите. Јас сигурно нема да му пријдам некому сама. За да ме привлече, еден човек мора да ја разбуди хемијата меѓу нас. Со малку повеќе животно искуство, можам да кажам дека не е важно како изгледа, но сепак сум естет, сакам убави појави“, рекла Цеца.
Ова лето, како и многумина, таа не го искористи за летување.
Беше тешко лето, бев заклучена во четири sида, излегов малку во Белград, низ Србија. Жал ми е што не заминав, но што е тука е, вели Цеца.